Убедлив пораз на Еурофарм Работник на гостувањето во Белорусија

0

Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени на гостувањето во Белорусија кај екипата на Мешков Брест со убедливи 31:22.

Очигледно дека заморот од долгите патувања и густиот распоред во последниот период на ракометарите на Еурофарм Работник си го зеде долгот, па македонскиот тим го одигра најлошиот досегашен натпревар во новата сезона и го доживеа вториот пораз во СЕХА лигата.

Еурофарм Работник лошо го започна натпреварот, домашните ракометари поведоа со 6:2, но гостите од Битола намалија на 6:4, за потоа да следува една убава серија на Мешков Брест кој дојде до предност од убедливи 13:4 и го одигра вториот дел од првото полувреме рутинирано за да на одмор заминат со предност од 19:12.

Паузата добро им дојде на ракометарите на Еурофарм Работник кои успеаа да намалат на -4 (17:21), и тоа беше се што направија на оваа средба, за до крајот домакинот да ја зголемува предноста и да дојде до убедлива победа од 31:22.

Митревски имаше 11 одбрани и повторно беше еден од најдобрите во редовите на Еурофарм, а прв стрелец беше Ојлески со пет гола, додека по четири погодоци постигнаа Граџан и Ѓукуќ.

Share.

Leave A Reply