Убедлив пораз на Еурофарм Работник во Португалија

0

Ракометарите на Еурофарм Работник се враќаат со нов пораз во Лигата на шампионите, овој пат од гостувањето кај Спортинг во Лисабон.

Вицешампионот на Португалија беше убедлив на мечот со Еурофарм Работник и на крајот победи со 36:26 (17:11), а нашите ракометари не успеаја да му се заканат во текот на целиот натпревар. Ушѕе од самиот почеток, па до крајот домашната екипа беше во предност која од минута во минута ја надградуваше за на одмор заминат со високи 17:11.

Во вториот дел Еурофарм работник се закани  и успеа да намали 19.15 и 23:18 но не успеа да го издржи темпото и на крајот дожиева пораз десет голови разлика.

Најефикасни во тимот на Спортинг Лисабон беa Руезга и Роча со по шест погодици. Кај Еурофарм Работник се истакнаа Остроушко и Јотиќ со по осум гола. Сследниот викенд во рамките на осмото коло Еурофарм Работник го пречекува Савехоф.

Share.

Leave A Reply