Убедлив пораз на нашите млади кошаркари од Грузија

0

Откако вчера дојдоа до тешка победа над Албанија по продолжение нашата кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години беше убедливо совладана од селекцијата на Грузија со 78:48.

Ова беше вториот натпревар за нашите млади кошаркари на ова ЕП (Б дивизија) кое се игра во Романија. Уште од самиот почеток нашите млади кошаркари лошо го започнаа натпреварот и ја загубија првата четвртина со негатива од 8 поени (22:14).

Слично беше о во вториот период, па на одмор се замина со плус 13 за Грузија 37:24. Во третиот период резултатот беше изедначен (17:17), но вистинскиот дебакл следуваше во последниот период кој нашите кошаркари го загубија со 24:7 што ги донесе до убедлив пораз од минус 30 разлика, односно 78:48.

Во нашата репрезентација најефикасни беа Робев со 14 и Маслинко со постигнати  15 поени. Следниот натпревар нашите кошаркари ќе го играат на 18. јули во вторник против доаќинот Романија.

Share.

Leave A Reply