Директорот на Удинезе, Паскале Марино потврди дека клубот засега ќе продолжи со привремениот тренер Лука Готи. Готи беше на чело на „Зебрите“ на последните два натпревари, обезбедувајќи една победа и реми, а Марино за клупската телевизија потврди дека клубот се уште смета на Готи.
„Го замоливме Готи да ни помогне во итни случаи, и тој ни ја даде својата рака. Наскоро ќе ја разгледаме ситуацијата повторно, но сега сме убедени дека го направивме вистинскиот избор. Готи ќе биде на клупата и на дуелот против Сампдорија во Џенова“, потврди спортскиот директор.
Валтер Зенга, Масимо Карера и Давиде Балардини се сметаат за потенцијални решенија за тренерското место во Удинезе во иднина.