УЕФА на денешната видео-конференција со 55-те земји членки, реши да ги помести баражите од Лигата на нациите за септември, а финалните фази од Лигата на шампионите и Лига Европа да ги презакаже во летните месеци. Натпреварите во двете европски клупски натпреварувања сега се презакажани за во јули и август.
Претходно УЕФА им даде шанса за доигрување на првенствата ширум Европа и тоа би траело до 30 јуни, а после тоа да се доиграат преостанатите натпревари во Лигата на шампионите односно Лигата на Европа. Тоа значи дека финалињата би се играле во август кога ќе ги дознаеме европскиот шампион и победникот во Лигата на нациите.