УЕФА: Голот на Ајакс е поништен правилно

0

Поништениот гол на Ајакс на синоќешниот меч со Реал (М) предизвика лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Во обид да ја разреши дилемата, со официјален став излезе и УЕФА. Од таму имаа свое објаснување зошто словенечкиот судија Скомина постапил правилно при поништувањето на голот на домашните.

„Судијата констатира дека клупскиот соиграч на на Таљафико, Душан Тадиќ се наоѓа во офсајд, а во исто време го попречува голманот да игра со топката во моментот на ударот со глава. Одлуката на Скомина е донесена во согласност со упатствата за ВАР. Голот беше правилно поништен“, велат од УЕФА.

Share.

Leave A Reply