УЕФА ја казни Србија

0

Фудбалската репрезентација на Србија ќе мора да го одигра пред празни трибини мечот со Луксембург на 14 ноември во квалификациите за ЕП откако УЕФА ја казни со два меча без публика (вториот е условна казна), поради расистичките навреди упатени од трибините кон играчите на Португалија на мечот одигран на 7 септември.

Во дисциплинскиот извештај на УЕФА наведени се повеќе причини меѓу кои и недозволено влегување на навивачи на теренот, користење на пиротехнички средства, расистичко однесување, недозволени скандирања, доцнење на почетокот на мечот и задоцнето излегување на селекторот Љубиша Тумбаковиќ од соблекувалната.

Фдубалскиот  сојуз на Србија ќе мора да плати и парична казна од 33.250 евра.

 

Share.

Leave A Reply