УЕФА ќе дозволи Баерн, Јуве, Барса и Сити да бидат домаќини на своите стадиони

0

УЕФА направи план за одигрувањето на завршниот турнир во Лигата на шампионите со одигрување на четвртфиналните средби на едно место со по еден натпревар и то аво Лисабон. Остана отворено прашањето што со реванш натпреварите од осминафиналето кои не се одиграа во март.

Баерн Минхен , Јувентус, Манчестер Сити и Барселона ќе бидат домаќини на натпреварите и ќе ги пречекаат своите противници пред празните трибини на своите стадиони. Ова беше дилема која траеше долго време, а УЕФА на состанок в петок ќе треба да ја потврди оваа одлука.

Баерн треба на 2Алијанц Арена“ да го пречека Челзи, Јувентус ќе биде домаќин на Олимпик Лион, Реал Мадрид ќе гостува кај Манчестер Сити на „Етихад“, додека Барселона ќе го пречека Наполи. Натпреварите се закажани за 7/8 август, а потоа следува скратениот формат, за да може финалето да се одигра на 23 август во Лисабон.

Share.

Leave A Reply