УЕФА има намера сериозно да го казни Милан за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, според „Калчомеркато“ и „Газета дело Спорт“, клубот ќе биде исфрлен од Лигата на Европа за сезоната 2018/19 и ќе плати казна од 30 милиони евра.
Претседателот на „Росонерите“ преговара со американските инвеститори, но дури и позитивен исход од тие преговори нема да влијае на одлуката на УЕФА. Се очекува официјално УЕФА да издаде пресуда на 25 јуни. После тоа Милан ќе поднесе жалба, што ќе се разгледува до 10 јули.
Ако Милан биде исклучен од европските натпревари, тогаш во групната фаза на Лигата на Европа ќе игра Аталанта, а во квалификациите ќе игра Фиорентина.