УЕФА отвори дисциплинска постапка против Селтик

0

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Селтик за инцидентот кој се случи на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Париз Сен Жермен (0:5).

Непосредно пред крајот на првиот дел, навивач на Селтик успеа да се пробие покрај обезбедувањето и да дојде на теренот каде се обиде да ја нападне ѕвездата на ПСЖ, Килиан Мбапе. Момчето веднаш беше уапсено и извадено од стадионот. Но, клубот нема да биде поштеден и ќе помине со сериозни санкции.

Селтик има 11 казни од УЕФА во последните шест години, причината за сите од нив се однесувањето на навивачите. Последната санкција датира од јули кога клубот беше казнет со 20.000 фунти. УЕФА, исто така, го обвини ПСЖ за проблеми и недисциплина на навивачите во гостинскиот сектор.

Share.

Leave A Reply