УЕФА потврди: Следното лето почнува „Конференциска лига“, Македонија со три претставника

0

Она што беше најавувано подолго време, веќе е официјализирано од страна на УЕФА. Европската фудбалска централа (УЕФА) потврди дека од лето 2021 стартува новото, трето по ранг европско натпреварување, во кое Македонија ќе има три претставника.

Во ова натпреварување ќе влезат освојувачот на Купот и втората и третата екипа од шампионатот. Всушност тие кои порано беа дел од квалификациите за Лигата на Европа, сега ќе играат во Конференциската лига во која ќе се натпреваруваат во квалификациите екипи кои доаѓаат од земји кои се под 15-тото место според ранкингот на УЕФА. За ова натпреварување и буџетот е помал, па тоа значи дека нашите клубови за едно квалификациско коло во Конференциската лига нема да земаат по 250.000 евра како порано во Лигата на Европа, туку помалку. За пласман во групната фаза ќе мора да минат три кола и плеј – офф.

Што се однесува до Лигата на Шампионите нема некои поголеми промени. И натаму нашиот шампион ќе игра во првата квалификациска рунда, и доколку сака пласман во групната фаза, ќе мора да помине четири квалификациски кола.

Интересно е тоа што ако нашиот претставник биде елиминиран на стартот во квалификациите во ЛШ, ќе го продолжи своето натпреварување во 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Во случај пак ако го мине првото квалификациско коло во ЛШ и биде елиминиран во второто, тогаш ќе ги продолжи натпреварите во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа.

Share.

Leave A Reply