УЕФА пред одлука, ЛШ и ЛЕ да се доиграат со изменет формат

0

УЕФА е близу до одлуката за судбината на преостанатите натпревари од тековните сезони во Лигата на шампиони и Лига Европа, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според оваа информација, најверојатната опција е дека двете натпреварувања ќе се играат во форма на „Фајнал осум“, а средбите ќе се одржат во Лисабон. Во исто време, одигрувањето по два натпревари во четвртфиналето ќе бидат откажани, а екипите ќе го одредат победникот на една средба, а ова ќе важи и за полуфиналните натпревари.

Исто така, сè уште се разгледуваат опциите за одржување на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во Минхен и Мадрид. Конечната одлука на УЕФА ќе биде објавена на 17 јуни.

Претходно беше објавено дека финалниот турнир од Лигата на шампионите би можел да се игра во Германија во форма на „Ф4 турнир“.

Share.

Leave A Reply