Украинците донесоа одлука, нема да патуваат за Тујмен

0

Репрезентацијата на Украина нема да учествуваат на последната сезонска трка од Светскиот Куп во биатлон која ќе се одржи во Тујмен (Русија) од 22 до 25 март, соопшти министерот за спорт, Игор Жданов.

„Денеска се сретнавме со претседателот на федерацијата по биатлон на Украина, Владимир Бринзак. Разговаравме за ситуацијата и Светското првенство во биатлон. Државата нема право да се меша во работата на спортските федерации, но, во сите правила има исклучоци. Зедовме заедничко решение – националниот тим на Украина нема да учествува во Тујмен “, рече Жданов.

Претходно федерациите по биатлон на САД, Канада и Чешка исто така соопштија дека ќе ги бојкотираат трките од Светското првенство во Русија. Таму се предвидени по три индивидуални дисциплини кај мажите и кај жените – спринт, класично и трка со масовен старт

Share.

Leave A Reply