Умтити бара поголема плата за да остане во Барса

0

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона во тековнава сезона, Самуел Умтити, веројатно нема да го прифати новиот догoвор и ќе си замине од тимот, објавија дел од медиумите во Шпанија.

Имено, неговиот агент ја известил упрвата дека Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра и дека на дефанзивецот му понидил годишна плата од 12 милиони евра. Според наведеното,  Французинот бара да ја добие истата сума и од Каталонците за да го продолжи договорот до 2024 година.

Како стојат работите, најверојатно одбранбениот фудбалер во текот на летото ќе го напушти „Камп Ноу“ бидејќи неговите барања не се во согласност со клупската политика на Барселона.

 

Share.

Leave A Reply