Умтити ја однесе Франција во финалето

0

Со единствениот гол на Самјуел Умтити, Франција обезбеди финале на СП во Русија. Во првиот полуфинален меч на Мундијалот кој вечерва се одигра на стадионот во Ст. Петерсбург, „галските петли“ со еден погодок успеаја да си го обезбедат местото во големото финале.

Французите имаа многу повеќе од играта во целиот меч, иако и Белгија на моменти ги покажа своите вистински квалитети. Во финишот кога Белгија фрли се на една карта, Франција имаше најмалку уште две чисти шанси за потврда на победата, но на крајот сепак, резултатот остана 1:0.

Утре во вториот полуфинален меч следува дуел Хрватска – Англија.

Share.

Leave A Reply