Умтити одбива да биде продаден, сака да остане во Барселона

0

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити не сака трансфер и покрај желбата на раководството на клубот да го продаде. Францускиот дефанзивец има договор до 2023 година и инсистира на тоа да го исполни до крај.

Од „Камп Ноу“ имаат намера да се раздели со Умтити, кој никогаш не успеа да стане важна фигура во одбраната на екипата низ годините поминати во клубот. Тој многу често има проблеми со болка во коленото, што предизвика долги периоди на закрепнување.

Светскиот шампион со Франција упорно одбива да биде подложен на операција. Каталонскиот клуб ќе се обиде да изврши притисок врз нивниот играч и да му објасни дека не е во плановите за новата сезона.

Share.

Leave A Reply