Уникаја и натаму продолжува да трага по нов тренер на тимот, откако ја прекина соработката со досегашниот предводник, Хоан Плаза. Се претпоставуваше дека новиот тренер на тимот од Малага ќе биде Фотис Кацикарис, но Гркот го отфрлија предлогот на Шпанците и се надеваат дека ќе влезе во тренерскиот кадар на еден од тимовите во НБА лигата.
Сега од Уникаха тргнуваат по нова цел – селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло. Се очекува искусниот стратег наскоро да ја напушти работата во националниот тим и може да го преземе тимот на Уникаха.