Уште два одложени меча во Франција од викенд колото

0

Француската Лига 1 објави дека уште две натпревари од 17. Коло нема да с одиграат поради протестите кои ги органзираат т.н. „жолти елеци“. Полицијата не може да постигне да ги обезбедува натпреварите од фудбалското првенство, па планираните средби меѓу Анжер и Бордо, односно Ним и Нант исто така нема да се одиграат викендов.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена по ескалирањето на немирите на протестите кои се одржуваат во Франција во последниве денови. Полицијата претходно апелираше до раководството на лигата да ги одложи средбите, бидејќи не може да гарантира безбедност на натпреварите.

Претходно, одложени беа и средбите ПСЖ – Монпелје, Тулуз – Лион, Монако – Ница и Ст. Етјен – Марсеј.

Share.

Leave A Reply