Уште еден трилер меч за Еурофарм Работник, но сега беше несреќен

0

Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник играше уште еден натпревар од Лигата на шампионите со трилер завршница, но овој пат немаше среќа во последните моменти од гостувањето во Финска кај екипата на Кокс.

Иако одиграа рамноправен и во делови од натпреварот беа подобри од Кокс, сепак загубија и од шампионот на Финска со 23:21 (13:13). По овој пораз е сосема јасно дека Еурофарм Работник во својот дебитантски настап во Лигата на шампионите ќе заврши на последното шесто место во групата Ц.

Првиот дел од натпреварот помина во изедначена игра и многу израмнивања, па на полувреме се замина со нерешени 13:13. Така беше и во вториот дел, за во 52.минута Еурофарм да дојде до предност од 20:21. Сепак во финишот од натпреварот проблем во нападот и реализацијата и пресврт за домашната екипа која успеа да дојде до предност од 22:21. Нашите ракометари имаа шанса да израмнат , но на 20 секунди пред крајот не реализираа напад, а тоа знаеше да го казни Кокс кој постигна гол во последните секунди за конечни 23:21.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник беа Јотиќ со пет и Остроушко со четири гола, а во таборот на Кокс се истакнаа Таминен со шест и Луканчук со пет погодоци. Битолчани својот прв настап во Лигата на шампионите ќе го завршат следната сабота во Битола против шпанскиот вицешампион Бидасоа Ирун.

Share.

Leave A Reply