Уште не ги започнаа преговорите веќе има недоразбирања меѓу Ферари и Фетел

0

Челниците на Ферари лошо ги започнаа преговорите со Себастијан Фетел за евентуалната нова соработка. Минатиот месец претседателот на Скудерија изјави дека тимот е восхитен од претставувањето на Германецот и дека е подготвен да му понуди нов договор.

Германските изданија подоцна излегоа со информација дека предлогот на италијанскиот тим претставува тригодишен договор вреден 138.5 милиони долари. Денеска финските изданија тврдат дека двете страни не можат да се согласат околу  времетраењето на договорот. Скудерија сакаат да го имаат Фетел на подолг рок додека пилотот не сака да се врзува.

„Точно е дека немам нов договор, но, мислма дека е најзначајно да ги оставиме докомунетите и да се фокусираме на сезоната. Јас не брзам со потпишувањето на нов договор, истото се однесува и на Ферари“ вели Фетел.

Share.

Leave A Reply