Уште тројца тенисери и тренери од „Адриа Тур“ заразени со Ковид-19

0

Уште тројца новозаболени од корона вирус меѓу учесниците на вториот турнир од серијата „Адриа Тур“. Како што утрово објавија регионалните медиуми, по направените тестирања констатирано е дека уште еден тенисер и двајца тренери се позитивни на КОВИД-19.

Утрово, ХРТ објави дека уште тројца тенисери се позитивни за коронавирусот, а Н1 откри дека еден од нив е најдобро рангираниот хрватски тенисер Борна Чориќ. Исто така се наведува дека еден од новозаразените е и кондицискиот тренер на Григор Димитров.

„Од 23 тестирани тенисери уште еден е позитивен, како и двајца тренери“, велат хрватските здравствени власти по вчерашните тестови кои веднаш беа направени врз оние кои имале контакти со Димитров.

Share.

Leave A Reply