Устигов може да остане без медалите од ЗОИ 2010

0

Нов допинг скандал е на повидок во бијатлонот. Според последната информација на „Ле Монд“, двократниот олимписки шампион од 2010 година, Евгени Устигов, може да биде казнет поради користење на допинг.

Интересен е фактот дека Меѓународната унија за бијатлон (IBU) не информираше за ситуацијата околу Устигов додека „WADA“ го разгледува случајот. Информацијата е објавена од Григориј Родченков, кој е во основата на сите допинг разговори околу Русија во последниве неколку години.

Русинот освои два медала на Игрите во Ванкувер во 2010 – злато во масовен старт и бронза во класичната трка.

Share.

Leave A Reply