Утре Брентфорд и Фулам ќе играат натпревар со најголем влог

0

Брентфорд би можел да заработи повеќе од 160 милиони фунто дополнителни приходи во текот на следните три години, ако во вторник го победи Фулам и се врати во Премиер Лигата, по 73-годишно отсуство, се вели во анализата на сметководствената фирма „Делоит“.

Финалето од плеј-офот на Чемпионшип лигата се игра на стадионот „Вембли“ и преставува најскапиот натпревар во светскиот фудбал.

Дополнителните 160 милиони фунти (208 милиони долари) што Брентфорд би можел да ги добие се состојат од приближно 85 милиони фунти од телевизиски права за сезоните 2021/2022 и 2022/2023 и 75 милиони фунти во т.н. „Паушални исплати“ ако испаднат од Премиерлигата по една сезона, велат од „Делоит“. Ако Брентфорд ја преживее својата прва сезона, дополнителните приходи ќе се зголемат на 265 милиони фунти (345 милиони долари) за пет години. Клубот, кој последен пат играше во елитата во сезоната 1946-47 година, се пресели на нов стадион со капацитет од 17.250 места.

Фулам ќе добие околу 135 милиони фунти за три години ако се пласираат во Премиер лигата. Сумата е помала, бидејќи Фулам во моментов прима „паушални исплати“ по испаѓањето во првенството во 2019 година.

Финалето на плеј-офот требаше да се одигра во мај, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

Share.

Leave A Reply