Утре почнува турнирот на медиуми во мал фудбал

0

Денеска беше одржана прес-конференција во пресрет на стартот на Турнирот во мал фудбал на медиумите 2017 во организација на Спортското радио 90.3 фм. Пред присутните новинари и учесници на турнирот, организаторот ги објави распоредот на натпреварите, како и детали од организацијата на настанот.

Првите натпревари стартуваат утре (среда 20.12.2017) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Покрај натпреварите на 12-те учесници на турнирот на медиумите, оваа година организаторот под мотото: „Квалитетен училишен спорт за здрава младина“  ќе овозможи настап и преставување на училишни и младински екипи во ревијалниот дел на турнирот.

И оваа година влезот во салата ќе биде бесплатен.

Сите детали за настанот и комплетен распоред на натпреварите на следниот Л И Н К

Share.

Leave A Reply