Утре ждрепка за полуфиналето на Купот

0

Ждрепката за полуфиналната фаза од националниот фудбалски куп е закажана за утре од 13 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија.

По вчерашните реванш четврфинални средби, пласман во полуфинлната фаза обезбедија екипите на Академија Пандев, Беласица, Победа и Македонија ЃП.

Првите натпревари од полуфиналната фаза  се закажани за во март следната година, а реваншите во април.

Од сите четири екипи учеснички во полуфиналето, само прилепчани и „лавовите” имаат пласман во финале и освоен трофеј од ова натпреварување.

Share.

Leave A Reply