В недела меморијален крос „Методи Веновски – Мето“

0

В недела со почеток од 10 часот ќе се одржи 16. меморијален атлетски крос натпревар „Методи Веновски – Мето“. Кросот е во чест и сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери и спортски работници во Македонија.

Ова издание на меморијалниот крос ќе почне со детска трка на 100 метри, по што ќе има трки и за учениците од основните училишта. Главната крос трка во женска конкуренција на 2000 метри ќе стартува во 11 часот, а 15 минути подоцна ќе се одржи и трката на 3000 метри во машка конкуренција.

Натпреварите ќе се одржат на кејот на реката Вардар позади Луна Паркот.

Share.

Leave A Reply