Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул Жоржињо Вајналдум верува дека неговиот тим ќе може да се натпреварува со Манчестер Сити за да ја освои шампионската титула во Англија.
Сепак, Холанѓанецот смета дека ова ќе биде тешка задача.
„Мислам дека имаме квалитет да се натпреваруваме со Сити, но истото го мислев и минатата сезона, ако тие играат како што го праве ато аминатата година, ќе биде многу тешко бидејќи загубија само две натпревари, а доколку сакаме да се натпреваруваме со нив, воопшто не можеме да си дозволиме да губиме бодови – навистина е тешко, но Ливерпул сака да се вклучи во борбата за титулата”, рече Вајналдум во изјава за „Скај Спортс“.
„Црвените“ ја започна сезоната во Премиер Лигата многу добро, победувајќи го Вест Хем со 4:0. Истото може да се каже и за шампионот на Англија Манчестер Сити. Граѓаните ја започнаа одбраната на титулата со гостинска победа против Арсенал од 2:0.