Најскапиот фудбалер на Валенсија, Гонзало Гуедеш ќе биде надвор од теренот околу два месеци.
Португалското крило одлучи да се оперира, потврдија од клубот. Ова е уште еден хендикеп за екипата од „Местаља“ која има доста проблеми со ефикасноста затоа што на 15 натпревари оваа сезона во „Ла Лига“ има постигнато само 12 гола и се наоѓа во долниот дел од табелата.
Валенсија го откупи Гуедеш од Париз Сен Жермен во август за 40 милиони евра, но оваа есен не ги исполни очекувањата и сè уште нема постигнато гол во 10 натпревари одиграни во шампионатот на Шпанија.