Тимот на Валенсија официјално го претстави најновото засилување – напаѓачот Мичи Батшуаји кој доаѓа со позајмица од англискиот Челзи.
24-годишниот белгиски репрезентативец ќе игра за „лилјаците” до крајот на сезоната, а последен пат беше на шест месечна позајмица во Борусија Дортмунд.
„Одбрав да дојдам во Валенсија, бидејќи тоа е еден сериозен тим кој, освен што игра во Лигата на Шампионите, се бори со останатите големи тимови. Сакам да освојувам титули со тимот. Се е можно, тоа е клуб со големи амбиции и сакаме да победуваме на што е можно поголем број натпревари. Сакам да се развивам заедно со тимот. Стилот на Марселино се вклопува многу добро на мојот. Заедно можеме да постигнеме нешто големо“, изјави Батшуај при неговото преставување.