Валенсија ќе ја засили одбраната

0

Фудбалскиот состав на Валенсија е се поблиску до привлекување на дефанзивецот на Интер, Жесон Муријо.

Според информациите во италијанските медиуми, двата клуба  треба да ги утврдат последни детали пред договорот да биде официјализиран. „Нероазурите“ сакаа 15 миилона евра за колумибиецот, но, се согласиле да го пуштат како позајмен фудбалер за 13 милиони евра. Шпанците ќе бидат обврзани да ги откупат неговите правата по крајот на сезоната.

Најверојатно во трансакцијата ќе бидат вклучени и дополнителни бонуси за италијанскиот клуб. Дефанзивецот исто така ги договорил личните услови со екипата од „Месталја“.

Share.

Leave A Reply