Еден од лидерите на Манчестер Јунајтед, Луис Антонио Валенсија е на пат да го напушти тимот во јануари и да игра во Турција, тврди весникот „Сан”.
Според последните информации клубови од Турската Супер лигата, како и од Бундеслигата, се заинтересирани за 33-годишниот фудбалер и се подготвени да го преземат веднаш во своите редови.
Актуелниот договор меѓу Еквадорскиот дефанзивец и „црвените ѓаволи” истекува на крајот на сезоната и најверојатно тој ја игра последната сезона на „Олд Трафорд” пред се поради својата фудбалска возраст.
Валенсија е дел од Манчестер Јунајтед веќе деветта година, а во оваа сезона одигра пет натпревари за тимот и не се запиша во листата на стрелци, а немаше ни асистенција. Во следната година тој ќе наполни 34 години и се чини дека е вистинско време за преселба во друга средина.