Валверде: „Голот на Меси пред паузата беше многу важен“

0

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ја коментираше победата на неговиот тим над Јувентус со 3:0 во групата Д од Лигата на шампионите. Тој призна дека првиот гол на Лионел Меси непосредно пред паузата беше многу важен за Каталонците.

„Оваа победа е од голема важност за нас. Нашиот ривал го одигра финалето од Лигата на шампионите минатата сезона, но игравме добро и постигнавме три гола. Сè уште имаме многу работа да направиме, но беше важно да продолжиме со победа”, рече Валверде.

„Во првото полувреме имавме некои потешкотии, но направивме голем притисок и брзо ја презедовме топката. Генерално, одигравме силен натпревар против голем ривал. Јувентус е тим кој се брани многу цврсто и затоа моравме да бидеме трпеливи”, додаде валверде.

„Кога топката е кај Меси, сфаќаш дека нешто ќе се случи. Неговиот гол пред паузата беше многу важен. Дембеле исто така играше многу тешко. потребно му е време да се прилагоди на тимот”, заврши Ернесто Валверде.

Share.

Leave A Reply