Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по вчерашното „Ел Класико“ и ремито со Реал од 2:2 изјави дека дуелот поминал со многу спорни моменти и истакна дека очигледно на фудбалот му треба видео-контрола за точни судиски одлуки.
„Имаше многу спорни моменти на натпреварот и беше потребно да се видат видео снимките за да се има појасна позиција. Исклучувањето на Роберто беше чудно. Изненаден сум дека тој го удри во лицето. Треба да ја видам снимката уште еднаш. Ваквите натпревари секогаш носат притисок и напнатост. Тоа се чувствуваше од првата минута. Сакавме да го победиме големиот ривал. Среќен сум од играта и залагањето на целиот тим. Секогаш е тешко да се игра со фудбалер помалку, особено против Реал. Можевме да победиме, но резултатот е добар“, изјавил Валверде.