Валверде ја има поддршката од челниците

0

Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жозеф Бартоме, потенцира дека тренерот, Ернесто Валверде, е вистинска личност за Каталонците иако имаше кошмарен финиш на сезоната во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме дека новиот првак на Шпанија беше елиминиран од Ливерпул со вкупни 4:3 иако по првиот меч имаше предност од 3:0.

„Ја планираме новата сезона. Дел од фудбалерите се согласија да останат во нашиот тим а со дугите ќе разговараме по финалето на кралскиот Куп“ – вели Бартоме.

„Валверде има поддршка од претседателот и од одборот. Тој е тренерот што го сакаме. Ние сме во средината на еден голем проект. Тој има договор со клубот и сите сме задоволни од неговата работа“ – вели првиот човек на Каталонците.

Share.

Leave A Reply