Валверде: „Ништо не е решено, ќе играме како да немаме предност“

0

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде ги искажа своите очекувања од натпреварот во 1/4-финалето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед, кој ќе се одигра вечерва.

„Се надеваме дека ќе дојдеме до полуфиналето, но сме соочени со сериозен противник. Резултатите на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите говорат сами за себе, тие добија три од четири гостувања. Против Јувентус и ПСЖ тие постигнаа победнички голови во последните минути. Во никој случај не може да се игра така што ќе им оставиме простор за да создавата опасност кон нашиот гол. Ако им дадете слободен простор, тогаш ќе бидеме казнети брзо. Да, успеавме да победиме како гостин, но ништо не е загарантирано. Не можеме да мислиме дека имаме предноста – тоа би било многу глупаво”, изјави Ернесто Валверде.

„Меси е добро, тој е подготвен да учествува во натпреварот. Тој се опорави од повредата за неколку дена, иако првично беше во шок (во првиот натпревар дефанзивецот на Јунајтед Крис Смолинг му го повреди носот на Меси). Тој не постигнал гол во четвртфиналето на лигата на шампионите од 2013 година тоа значи само дека е поблиску до го направи тоа. Статистиката се базира само на резултатите од минатото, но не кажува ништо за иднината”, додаде тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Share.

Leave A Reply