Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, очекува исцрпувачка битка на стадионот на Лион во првиот меч од 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите.
„Сите ние со навистина големо нетрпение го очекуваме дуелот. Сите се позитивно расположени, ја сакаме тензијата бидејќи ни помага да бидеме фокусирани. Лион има многу силен тим кој досега нема пораз. Ќе биде компликувано“ – потенцираше Валверде.
„Во изминатата сезона луѓето не обвинуваa дека не сме давале голови на гостински терен. Навистина имаше мечеви на кои игравме напаѓачки фудбал, но, не создадовме шанси. Играчите на Лион знаат да го притиснат противникот, ќе мора да внимаваме“ –изјави стратегот на Барселона.