Валверде: „Сакаме да го изодиме овој пат до крај“

0

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде беше е задоволен од големата победа од 5:1 над Лион и пласманот на неговиот тим во 1/4финалето на Лигата на шампионите.

„Секој ме прашува за последните 20 минути во кој буквално експлодиравме, но очигледно забораваме дека игравме против многу добра екипа и  бевме многу добри и во првото полувреме во кое успеавме да постигнеме два гола и да дојдеме до предност што ни ја олесни работата. Ова натпреварување е тешко и секој може да ти биде животот покомплициран. Но, добро игравме во двете средби и едноставно бевме поефикасни во офанзивата на оваа. Имаме сериозни амбиции во Лигата на шампионите. Денес направивме важен чекор, ние сфаќаме сериозно сé што е пред нас, но сакаме да одиме по овој пат до самиот крај”, изјави Валверде по натпреварот со Олимпик Лион.

Share.

Leave A Reply