Ван Дајк ќе има жестоки дуели со Меси

0

Фудбалерите на Ливерпул во последниот елиминациски филтер во Лигата на шампионите ќе ги одмерат силите со Барселона предводена од Лео Меси. „Црвените“ во 1 /4 финалето лесно преминаа преку Порто додека тимот од Шпанија благодарение на аргентинскиот ас кој постигна три гола на двата меча, успеа да го елиминира Манчестер Јунајтед.

Бидејќи четата на Клоп форсира колективен напаѓачки фудбал додека шпанскиот тим главно зависи од играта на Меси, сите се прашуваат што ќе направат англичаните да ја запрат првата ѕвезда од „Камп Ноу“. Одговорот се обиде да го даде Вирџил Ван Дајк, кој е еден од најдобрите дефанзивци во светот. 27-годишниот играч или главниот столб во одбраната на англичаните имаше интересно размислување.

„Како ќе го запреме? Немам никаква идеја.. ќе видиме, но, тоа треба да биде тимска работа. Ќе ни биде тешко, се работи за најдобриот фудбалер на светот“  вели Ван Дајк. Првата пресметка меѓу Барса и Ливерпул ќе биде реализирана на 1 мај на „Камп Ноу“.

 

Share.

Leave A Reply