Ван Дајк почна со први полесни тренинзи по операцијата на коленото

0

Вирџил ван Дајк започна со лесен тренинг за закрепнување, вест која е охрабрувачка за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, но и за сите навивачи на англискиот шампион.

Холандскиот стопер ги скина вкрстените лигаменти на коленото на дербито против Евертон на 17 октомври. Еден ден подоцна, тој објави дека веќе е подготвен план за рехабилитација, а еден месец подоцна веќе започна со мали оптоварувања.

Тие имаат за цел да го подготват за претстојната втора, посеопфатна фаза на опоравување. Сè уште е нејасно дали централниот дефанзивец, кој пропушти само еден натпревар во Премиерлигата за Ливерпул откако дојде на почетокот на 2018 година, ќе може да му се врати на тимот до крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply