Некогашниот холандски репрезентативец и член на англиски Тотенхем, Рафаел Ван дер Варт, коментирајќи го вчерашното англиско дерби меѓу Манчесер Ј. и Ливерпул на холандската телевизија, изјави дека најскапиот дефанзивец во Премиер лигата, Хари Мегваер е фудбалер со квалитет на играч од некоја од аматерските лиги во Англија.
„Да одиме и да гледаме некој аматерски клуб во недела, можам да најдам тројца играчи кои можат да играат исто како него“, рече Ван дер Варт на холандската телевизија.
Поранешниот играч од средниот ред на Спарс додаде:
„Можеби е глупав коментарот, но зборуваме за трансфер од 90 милиони евра!? Тогаш, колку вреди Ван Дајк, 300 милиони евра?“.