Вардар со 10 од 10 во СЕХА лигата

0

Актуелниот СЕХА-шампион Вардар продолжува со победита во ова натпреварување, вечерва како домаќин го совлада Металург со 31:24 (12:14).

Овој натпревар беше во знакот на хуманоста и беше за малиот Борче, а Вардар стигна до победата пред се поради добрата игра во вториот дел од средбата. Гостите од Автокоманда имаа предност во текот на целиот прв дел, а во еден период имаа водство од 13:9, но на пауза се замина со негатива за Вардар од 12:14.

Во второто полувреме многу подобра игра на Вардар кој го сврте резултатот во своја корист и успе ада израмни на 16:16, а потоа и да дојде до водство од 17:16, од тој момент Вардар доминираше и ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со убедливи 31:24.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Тимур Дибиров со десет гола, а Вуко Борозан имаше перфектни 7од 7. Кај Металург, Гуглета постигна пет гола, додека Јагањац и Пешевски го завршија натпреварот со по четири гола.

За Вардар ова беше последен домашен меч во 2017 година, која е најуспешна година за „црвено-црните“, а ќе ја завршат со гостување кај Горење на 13 декември. За разлика од Вардар,Металург го чека меч на домашен терен со Динамо Панчево.

Share.

Leave A Reply