Вардар со 4 од 4 против Цеље оваа сезона

0

Вардар се врати на првата позиција на табелата во групата Б од Лигата на шампионите откако го совлада тимот на Цеље во рамки на 12. Коло.

Ракометарите на Вардар се радуваа по четврти пат сезонава на натпревар против Целје, овој пат со резултат 35:30. Гостите имаа само едно водство на стартот на натпреварот со 1:2, а потоа Вардар го презеде водството со 3:2 и не дозволи во ниту еден момент од натпреварот Цеље да се закани. Уште во првото полувреме „вардарци“ направија предност од 5 гола која ја одржуваа до крајот на првиот дел кога заминаа на одмор со предност од 20:15.

Vardar - Celje 2

Во вториот дел одлична игра на Вардар пред се во одбраната и не дозволи Цеље да се доближи, а на тоа следуваа и лесни голови од контра напад за убедливи +7 (29:22) кои до крајот од мечот рутинирано гио одржуваа за конечните 35:30.

Најефикасен во нашиот шампион беше Алекс Душебајев со 8 постигнати гола, а одличен учинок имаа и двете крила Тимур Дибиров и Даниел Шишкарев кои постигнаа по 6 гола. Во екипата на Целје најефикасен со 8 гола беше Млакар.

Вардар по овој натпревар има 18 бодови и е на првата позиција на табелата , а следното коло на 4.март гостува кај Мешков Брест.

Share.

Leave A Reply