Вардар анемичен, загуби во Ереван

0

Фудбалерите на Вардар претрпеа пораз од 1-0 на гостувањето во Ереван против екипата на Пјуник во рамките на 1. коло од квалификациите во Лигата на Европа. Со голот на Конате во 28. минута, Ерменците обезбеција минимален успех на првиот меч.

Вардар немаше игра за подобар резултат. Во текот на целиот меч изгледаше анемично и на крајот речиси и немаше шанса да израмни. Сега, реваншот во Скопје останува единствена шанса за поправен и пласман во 2. коло.

Реванш средбата се игра во Скопје, на „Филип Втори“ Арената, следниот четврток со почеток од 20 часот.

Share.

Leave A Reply