Вардар без Циндриќ и Мораеш го напаѓа Рајн Некар

0

Европскиот шампион Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Рајн Некар во меч од 8. коло од Лигата на шампионите, но не со најсилниот тим. Во четата на Раул Гонзалес денеска ќе недостасуваат двајца, можеби и клучни ракометари, како Лука Циндриќ и пикерот Мораеш.

Хрватот нема да може да игра поради повредата која го мачи веќе извесно време, а ќе го нема и пивотот Рожерио Мораеш кој се врати во тимот за минатиот меч по повредата на носот.

Денеска Вардар на теренот ќе биде со само двајца пивоти, Стоилов и Марсениќ, а местата на Циндриќ и Мораеш ќе бидат пополнети од крилата Владо Недановски и Мартин Поповски. Дуелот стартува во 17.30 часот.

Share.

Leave A Reply