Вардар доби многу тешка група за новата сезона од ЛШ

0

Ракометарите на Вардар се најдоа во исклучително тешка група во новата сезона за Лигата на шампионите на ЕХФ. Поранешниот европски првак, како прв носител се најде во групата „А“ каде за ривали ќе има многу познати тимови, кои го сочинуваат европскиот ракометен крем во машка конкуренција.

Металург, пак, доби познати ривали во групата „Ц“ и се надева дека оваа година ќе има многу подобри настапи.

Првите натпревари ќе се играат во периодот од 12 до 16 септември . Оваа сезона е последната во која е игра по ваков систем со 28 екипи.

Share.

Leave A Reply