Вардар добива ново „руско“ засилување

0

Македонскиот ракометен шампион Вардар, договори ново засилување за наредната сезона со тоа што потпиша со рускиот репрезентативец Сергеј Горпишин.

Горпишин, има 21 година и е висок 200 см., настапува на пивотменската позиција, а во екипата на Вардар доаѓа како замена за Рожерио Мораеш кој се сели во редовите на Веспрем по завршувањето на оваа сезона. Во изминатиот период Русинот настапуваше за германскиот бундеслигаш Ерланген.

Овој играч е актуелен репрезентативец на Русија, а за неговата селекција настапи и на последното Светско првенство кое се играше во Германија и Данска. Бидејќи неговата сегашна екипа Ерланген за наредната сезона донесе пет нови ракометари, Горпишин се одлучи да замине и да дојде во Скопје.

Со потпишувањето на Сергеј Горпишин се зголемува бројот на руски репрезентативци во Вардар за наредната сезона, па сега ги има шест. Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Дмитри Кисељев, Глеб Калараш и новото засилување Сергек Горпишин.

Share.

Leave A Reply