Вардар дома против Кјелце сака победнички да ја заврши годината во ЛШ

0

Ракометарите на Вардар денес ги очекува исклучително тежок натпревар , но исто така и значаен во борбата за повисок пласман во својата група од Лигата на шампионите.

Противник на нашиот шампион е полскиот тим Виве Кјелце кој од секогаш бил тежок ривал за „црвено-црните“, а така беше и на последната нивна пресметка во Полска кога домашната екипа славеше со 31:27.

За тренерот Роберто Гарсија Парондо ова е последниот натпревар во 2018 година од ЛШ, а и двете екипи ќе играат за пласман на втората позиција.

„Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу брз ракомет, добра одбрана и имаат одлични ракометари. Ќе се обидеме да се подготвиме максимално. Најважно за нас е да играме 60 минути добар ракомет. Ако го направиме тоа ќе имаме големи шанси. Нашиот проблем досега беше што имавме 5-10 минути во коишто паѓавме. Мислам дека на никого не му треба посебна мотивација за овој меч. Сакаме да победиме на домашен терен и мечот може да биде многу важен за нас зашто со тие два бода ќе ја освоиме втората позиција “, рече Парондо на прес-конференцијата пред натпреварот.

Мечот меѓу Вардар и Кјелце се игра денеска во СЦ „Јане Сандански” со почеток од 17.30 часот.

Share.

Leave A Reply