Вардар ги пушти влезниците за домашните мечеви

0

Ракометниот тим на Вардар ги пушти во продажба влезниците за наредните два меча во СЦ Јане Сандански.  Станува збор за средбата  со Порто во Лигата на шампионите  и  мечот со Нексе во СЕХА-конкуренцијата.

„Црвено-црните“ кои ја започнаа одбраната на титулата во ЛШ со победа на теренот на францускиот Монпрелје, првиот  меч на домашен терен ќе го одиграат в недела од 17.00 часот со екипата на Порто. Цената на билетите е 350 денари за трибина и 400 денари за Блок А. За мечот со Нексе во регионалната конкуренција, влезниците  чинат симболични 50 денари.

Сите фанови на Вардарци и воопшто на ракометот и спортот, ќе можат да ги купат влезниците за споменатите средби на билетарата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот  или преку – „tiketplus.mk“.

Share.

Leave A Reply