Вардар го доби Ростов Дон во ½ финалето на ЛШ

0

Ракометарките на ЖРК Вардар го дознаа противникот во полуфиналето од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Рускиот шампион Ростов Дон ќе биде на патот на Вардар до уште едно финале, а посакуваме да биде и титулата во Лигата на шампионите. Тимот на Ростов Дон е дебитант на завршниците во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во втората полуфинална пресметка се најдоа домашниот тим на Ѓер и ЦСМ Букурешт, кои се редовни учесници на завршниот турнир исто како нашиот Вардар кој во последните неколку сезони е редовно на завршницата во Будимпешта.

Во екипата на Ростов Дон играат неколку добро познати имиња за напшата ракометна јавност, таму е поранешната голманка на Вардар, Мајса Песоа, а имаат и одлична бековска линија во Катарина Булатовиќ, Ана Паула Родригес и Александрина Барбоса. Да не ја заборавиме и уште една екс вардарка, Сираба Дембеле на лево крило, додека младата Ана Вјахирева е на десната крилна позиција.

Натпреварот меѓу Вардар и Ростов Дон ќе се игра на 12 мај, а терминот ќе биде или 15.15 часот или 18.00 часот во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта, додека на 13 мај, победникот ќе игра финале, а поразениот за трето место.

Полуфинале, Ф4 Лига на шампиони:
ЖРК Вардар – Ростов
Ѓер – ЦСМ Букурешт

Share.

Leave A Reply