Вардар го напаѓа ППД Загреб за четврфинале во ЛШ

0

Ракометарите на македонскиот првак Вардар вечерва (20.30 ч.) во арената „Загреб“ ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони против 27-кратниот шампион на Хрватска и двоен европски првак ППД Загреб.

Во групната фаза „црвено-црните“ завршија на третата позиција, додека пак Загреб, предводен од словенечкиот тренер Бранко Тамше, беше шести во групата Б.

„Сигурно дека Вардар е екипа што повторно претендира за влез на завршниот фајналфор-турнир, но и ние не сакаме да застанеме само до осминафиналето. И во двата натпревара ќе дадеме сѐ од себе во обидот да го поминеме Вардар. Нема да биде лесно, оти тие се врвна екипа, но ние веќе покажавме неколкупати дека можеме да играме против фаворитите“, рече во пресрет на првиот меч десното крило на ППД Загреб, Златко Хорват.

Судиската правда во Загреб ќе ја делат Германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг.

Share.

Leave A Reply